(+389) 47 229 077 info@stentongradba.mk Пон - Саб: 08:00 - 16:00

Уредување на речно корито во село Гермијан

Уредување на поројот во пограничното село Гермијан, односно каналот каде се собира надојдената вода при обилни врнежи или топење на снегот. Поројот се средува со средства добиени од грант преку ИПА програмата на ЕУ и од буџетот на Општина Новаци. Проектот предвидува уредување на поројот во две фази во должина од километар и половина. Како директни корисници на проектот се јавуваат стотина земјоделски семејства од село Гермијан со околу 300 жители.

Уредување на коритото од поројот во с.Гермијан 0+122,80 до км 0+929,06 со L=806,26m

Расчистување на целата траса од грмушки и шибје, машински ископ на земја за оформување на коритото, вградување и набивање на тампон за каналот, облагање на косините и дното со кршен камен во цементен малтер и ѕидање на парапетен ѕид од кршен камен.

Информации

  • Клиент: Општина Новаци
  • Датум на изведба: 19.10.2019
  • Категорија: Завршени проекти
© 2021 Стентон Градба. All Rights Reserved.
web by kara5.