(+389) 47 229 077 info@stentongradba.mk Пон - Саб: 08:00 - 16:00

Историја | Водечка градежна компанија | Стентон Градба

Историја
Стентон градба

Нашите почетоци

Пецо Стојаноски, во фелата познат како Пеце Стентон е роден на 21.10.1966 година во с.Бучин, Општина Крушево.

Својата кариера ја започнал во средината на 80тите години, кога како млад трговец прв пат се сретнал со принципите на претприемништвото.

Во 1990 година ја основа компанијата Стентон ДООЕЛ Битола, чија прва дејност е трговијата, за подоцна да започне да се бави и со производство.

Во 2002 година се стекнува со концесионерско право за експлоатација на кварцен песок и чакал од рудникот во с.Брод, Општина Новаци.

Во 2003 година беше еден од основачите на градежната компанија Стентон Градба ДОО Битола, која се бави со нискоградба, хидроградба, изградба на индустриски комплекси и успешно брои преку 170 вработени, со што постигна лидерство од областа на градежништвото во регионот.

Во 2015 беше еден од основачите на Градежна комора на Македонија, каде во периодот од 2015 – 2017 година беше избран за потпретседател, а активно членуваше во истата до крајот на својот живот.

Од 2013 година беше член на Управен одбор на Сојузот на стопански комори на РМ.

Тој беше основач и извршен директор на Стентон ДОО Битола и Стентон Градба ДОО Битола, како и основач и член на раководните тела на низа успешни компании од различни дејности: СН Осигурителен Брокер АД Битола, СН Финансии ДОО Битола, СН Менувачница ДОО Битола, СНММ Инфо Медиа ДОО Битола, СН Сообраќаен Центар ДОО Битола, СН Центар за моторни Возила ДООЕЛ Битола и СН Угостителство ДООЕЛ Битола.

И покрај неговиот голем професионален ангажман, тој одвојувал значаел дел од своето време за подобрување на општеството преку членувањето во Ротари клубот Битола.

Неговата фирма Стентон Градба за него беше голема гордост која ја издигна од мали нозе и ја донесе рамо до рамо со неколкуте моќни компании во државата. Во Стентон Градба беше столб и двигател на фирмата, неуморен водач, посветен управител, авторитет и истовремено добар пријател со неговите вработени, кои во него гледаа заштитничка фигура и решение за сите професионални препреки.

За успех во претприемништвото сметаше дека е пресудна добрата комуникација со луѓето, но и чесноста како најбитна морална вредност кај човекот.

Пецо Стојаноски беше сопруг, дедо и татко на два сина.

Нашите почетоци

Ја градиме вашата иднина. Го обновуваме минатото.

Водечка градежна компанија во регионот која повеќе од 18 години го обезбедува пазарот со висококвалитетни производи и услуги од областа на градежништвото.

Како една од водечките компании во секторот на градежништвото ние постоиме повеќе од десет години на пазарот, обезбедувајќи комплетен опсег на производи и услуги од областа на градежништвото.

Вршиме ископ и сепарација на камен агрегат во сите фракции, производство на бетон, проектирање, изградба и надзор на објекти од нискоградба, високоградба, хидроградба, мостови, патишта, транспорт на градежни материјали и други градежни работи.

Историја
Стентон градба

Нашата историја

2003
2003

Стентон Градба е основана во 2003 година како компанија која започна со производство на градежни материјали, а подоцна и со изведба на договорни проекти за приватни лица, големи компании, министерства, општини и различни други субјекти.

2004
2004

Во 2004 година од производител на речен песок Стентон Градба во текот на своето работење се разви во производител на бетон, со што стана водечка градежна компанија во Пелагонискиот регион.

2007
2007

Од 2007 година Стентон Градба во својот спектар на експертиза додаде хидроинженеринг, изградба на патишта, инфраструктурни проекти, санирање на свлечишта, изведба на индустриски објекти и друго.

2013
2013

Во 2013 година Стентон Градба успешно го финализира еден од најголемите проекти во општина Битола насловен како „Реконструкција на Црн – Мост Битола“.

2015
2015

Во 2015 Стентон Градба беше една од компаниите основачи на Градежна комора на Македонија.

2017
2017

Во 2017 година Стентон Градба го изгради „Центар за за Технички преглед, дијагностика, сервис и поправка на Моторни возила“ во сопственост на СН Осигурителен Брокер АД Битола. 

Во истата 2017 година Стентон Градба учествуваше во изградбата на – индустриска хала за преработка на тутун во индустриска зона Опаленик, Крушево на површина од 10.000 м2.

2017
2017

Во 2017, 2018 и 2020 година Стентон Градба добива признание за една од 200 најголеми фирми во Македонија.

2021
2021

Во 2021 година Стентон Градба го реализира еден од најголемите проекти во Преспанскиот регион насловен како „Санација на свлечиште на регионален пат Р1308 Претор – Маркова нога“.

Денес
Денес

Денес Стентон Градба активно се залага за диверзитет во својот бизнис потфат, како и се труди да воспостави меѓународни партнерства со компании чија специјалност е хидротехника, инфраструктура, патишта, електромеханичко инжинерство, обновливи извори на енергија и така натаму.

СТЕНТОН ГРАДБА Водечка градежна компанија

Нашиот тим
Организациска структура

Нашиот тим

Организационата структура на Стентон Градба во текот на своето 18 годишно работење постојано се зголемува и денес има повеке од 100 вработени.

Повеќе
© 2021 Стентон Градба. All Rights Reserved.
web by kara5.