Со овој проект се предвидува целосна реконструкција на постоечката коловозна конструкција и тротоарите од јужната и западната страна. Се предвидува машинско сечење, ископ на постоечката коловозна конструкција со количина од 1.163,37м3 и отстранување на постоечките камени рабници. Реконструкцијата на коловозната конструкција опфаќа уредување на постелката, изработка на дренажи за одводнување на постелката во должина од 532,00м, изработка на горен строј на улицата и тротоарот со дробеник, поставување на камени рабници со должина од 763,00м, поставување на улични сливници, изработка на асфалтен слој на коловоз со површина од 2.420,00м2 и изработка на тротоари од гранитни плочки со вкупна површина од 935,00м2. Предвидено е и уредување на зелените површини со квадратура од 323,00м2.