(+389) 47 229 077 info@stentongradba.mk Пон - Саб: 08:00 - 16:00

Ул. КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА

Улицата Крушевска Република воглавно се протега по рамна и неизградена површина во правец северозапад-југоисток со должина од 630,45м. Се состои од еден коловоз со по две сообраќајни ленти и обострани тротоари. Широчината на коловозот изнесува 14.00м со двостран наклон, а тротоарите се со широчина од 2.00м. и вкупна површина 2177.17м2 на која се предвидени префабрикувани павер елементи. За изградба на коловозот предвиден е вкупен ископ од 9.716,8м3. Изработката на постелката е со бонифициран некохерентен материјал со максимално присуство на ситни честички од 4.413,12м3. Потребната количина на дробеник за изведба на сите потребни позиции е 12.005,11м3. На должина од 2.406,00м вградени се монтажни рабници, а површината на асфалтот изнесува 8.882.89м2. За одводнување на улицата предвидено е прифаќање на атмосферските води површински со поставени улични сливници, а за одводнување на постелката предвидена е дренажа од гранулиран чакал и перфорирани ПВЦ цевки.

Информации

  • Клиент: Општина Битола
  • Датум на изведба: 28.07.2022
  • Категорија: Тековни проекти
© 2021 Стентон Градба. All Rights Reserved.
web by kara5.