Со проектот е предвидено да се изгради камено земјена брана со централно глинено јадро со висина од 33 метри. Браната ќе има опфат од 120 хектари и можност за собирање на три милиони кубни метри вода. Таа ќе се полни од целото сливно подрачје на Отиња, а околу неа ќе има и пешачка патека.