Со овој проект предвиденa e реконструкција на коловозната конструкција на ул. Довлеџик во должина од 464,95м, односно од стационажа 0+034,07 до стационажа 0+498,74м. Геометријата на трасата е составена од правци и една кружна кривина со Р=950м. Вертикалното решение е ограничено и уловено од постоечките влезови во објектите, врските со бочните улици и вертикалната состојба на постоечкиот коловоз. Во попречен пресек, коловозот е проектиран со двостран наклон.
За изградба на улицата напрвин потребно е машинско сечење на постоечкиот асфалт, кршење и отстранување на горниот строј, како и демонтажа на постоечки рабници. Изведбата на потребните позициите за коловозната конструкција, како и изведбата на дренажата, вклучува ископ од вкупно 2611,02м3, вградување на тампонски материјал 2166,67м3, поставување нови рабници во должина од 1823м’, асфалт со површина од 5245,13м2 и монтажа на префабрикувани павер елементи за тротоарите со површина од 1225,89м2.