Уредување на излетничко место „Сапунџица“ во село Ниже Поле, Битола.

Месноста „Сапунџица“ се наоѓа во атарот на селото Ниже Поле на околу 7 километри оддалеченост од селото и 18 километри оддалеченост од Битола во подножјето на планината Баба.

На локацијата претходно постоеше засолниште кое беше во лоша состојба и дрвени излетни клупи во недоволен број на отворено пред влезот на засолништето. Со проектот беше извршено реновирање во однос на тековно одржување, осовременување на објектот кој е на две нивоа во вкупна површина од 262м2, дооформување на просторот со поголем број клупи пред објектот, амбиентално осветлување на целата околина и формирање на два нови пункта од кои едниот опремен со повеќе детски играчки на површина од 340м2, а другиот со излетнички клупи под настрешници опремен со простор за приготвување скара на површина од околу 500м2.

По уредувањето објектот и самото излетничко место станаа „мета“ на голем број посетители од сите возрасти со оглед на бројните можности за забава и релаксација особено за време на скијачката сезона.

Information

  • Client: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
  • Date of performance: 24.02.2022
  • Category: Completed projects
© 2021 Стентон Градба. All Rights Reserved.
web by kara5.