Реконструкција на кров на ООУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод

Реконструкција на кров на основно училиште со површина од 1000м2, која вклучува поставување на штафни во хоризонтален правец и дрвени летви во правец на косината на кровот. Направена е подлога од штици и поставена водонепропусна фолија по косина. По целата кровна површина монтирани се кровни панели со рамен внатрешен дел, а од надворешната страна профилиран пластифициран лим со соодветна исполна за противпожарна отпорност. Во иста боја како кровот монтирани се и снегобрани, хоризонтално поставени од двете страни и прицврстени со саморезни штрафови на покривната потконструкција. Кровната термичка изолација постигната е со поставување на пресован тервол. Направена е монтажа на класична громобранска инсталација со целосно испитување на истата и ставање во функција со издавање на атест за исправност.  

Information

  • Client: Општина Македонски Брод
  • Date of performance: 20.04.2022
  • Category: Completed projects
© 2021 Стентон Градба. All Rights Reserved.
web by kara5.