Месноста „Сапунџица“ се наоѓа во атарот на селото Ниже Поле на околу 7 километри оддалеченост од селото и 18 километри оддалеченост од Битола во подножјето на планината Баба.
На локацијата претходно постоеше засолниште кое беше во лоша состојба и дрвени излетни клупи во недоволен број на отворено пред влезот на засолништето. Со проектот беше извршено реновирање во однос на тековно одржување, осовременување на објектот кој е на две нивоа во вкупна површина од 262м2, дооформување на просторот со поголем број клупи пред објектот, амбиентално осветлување на целата околина и формирање на два нови пункта од кои едниот опремен со повеќе детски играчки на површина од 340м2, а другиот со излетнички клупи под настрешници опремен со простор за приготвување скара на површина од околу 500м2.
По уредувањето објектот и самото излетничко место станаа „мета“ на голем број посетители од сите возрасти со оглед на бројните можности за забава и релаксација особено за време на скијачката сезона.