(+389) 47 229 077 info@stentongradba.mk Пон - Саб: 08:00 - 16:00

Училиште Росоман

Со проектот предвидено е да се направи целосна реконструкција и санација на постоечките спортски игралишта (ракомет и фудбал, кошарка и одбојка) со нов и модерен материјал кој е погоден за извршување на спортски активности, како и проширување на димензиите на постоечките игралишта, со што истите покрај одржување на школска настава би ги задоволувале и критериумите за одржување на официјални спортски натпревари. Дел од оштетеното игралиште се санира со сечење, чистење на распаднатиот асфалт и полнење на истото со битуменски филер. Останатиот дел, предвиден е да се санира со кршење на постоечкиот асфалт, ископ, пополнување со тампонски слој и набивање до потребна збиеност, армирање и заливање со бетон. После завршувањето на наведените постапки, следува монтажа на ПП (полипропиленска) подлога за спортски игралишта со површина од околу 1.900,00м2.

Информации

  • Клиент:
  • Датум на изведба: 17.06.2021
  • Категорија: Завршени проекти
© 2021 Стентон Градба. All Rights Reserved.
web by kara5.