(+389) 47 229 077 info@stentongradba.mk Пон - Саб: 08:00 - 16:00

Свлечиште Крушево – Сладуево

Согласно проектот извршена е стабилизација на теренот со комбиниран систем на потпорно тело од армиранобетонски колови со дијаметар од 80cm, поставени на растојание од 2,50m во шахматен распоред така што двата реда на колови оформуваат носив конструктивен елемент со вкупна должина од 70м. Носивоста на коловите испитана е со SIT технологија на прозрачување. На горниот дел од носивата конструкција изведена е надколова плоча со што се формира носива потпорна конструкција. Како завршен конструктивен дел од комбинираната заштитно потпорна конструкција изведено е армиранобетонско платно и поставени се репери за пратење на хоризонтални деформации. За изведба на предвидените позиции вградени 561,47м3 бетон  и 55,58 тони арматура.  

Информации

  • Клиент: ЈПДП
  • Датум на изведба: 28.07.2022
  • Категорија: Завршени проекти
© 2021 Стентон Градба. All Rights Reserved.
web by kara5.