(+389) 47 229 077 info@stentongradba.mk Пон - Саб: 08:00 - 16:00

Санација на свлечиште на Р2433 (Радовиш - Конче)

Регионалниот пат Р2433 е главна врска на општина Конче со градот Радовиш и претставува најзначаен пат за општината. Санацијата на свлечиштето е извршено со длабоко фундирање на армирано бетонски колови Ф800 со вкупна должина од 121,00м, кои се меѓусебно поврзани со надколова плоча над која е изведен армирано бетонски ѕид. Зоната на свлечиштето е најпрво тампонирана, а потоа и асфалтирана со нова двослојна асфалтна конструкција. Исто така поставена е нова еластична одбојна ограда.

Целосна организација на градилиштето (регулација на сообраќај, уредување и изработка на пристапни патишта), машински ископ на почвен материјал, изработка на насип од локален материјал, машинско дупчење на колови Ф800мм, армирање на колови, врзна плоча, вертикално платно и бетонирање на истите. Изработка на дренажен систем и коловозна конструкција. Поставување на еластична одбојна ограда како и поставување на геодетски и реперни точки за оскултација на свлечиштето и конструкцијата. За целокупната бетонска конструкција вградени се околу 200,00м3 бетон и 15 тона арматура.

Информации

  • Клиент: Јавно претпријатие за државни патишта
  • Датум на изведба: 12.12.2018
  • Категорија: Завршени проекти
© 2021 Стентон Градба. All Rights Reserved.
web by kara5.