Овој проект опфати расчистување на коритото на реката Вардар во населеното место Туденце, Тетово.
Извршено е стабилизирање и чистење на коритото од градежен шут, комунален и кабаст отпад, како и вегетација која го попречуваше текот на реката.
Со завршувањето на проектот, значително се намалува ризикот од поплави и се подобрува заштитата на домовите и земјоделските површини од последиците на поројни дождови.