Стентон Градба успешно го заврши проектот за реконструкција и реновирање на операционите сали на хируршките клиники во УКЦ "МАЈКА ТЕРЕЗА" во Скопје, реализиран по принципот "клуч на рака".
Со овој обемен зафат беа унапредени операционите сали, техничките простории, ходниците, гардеробите, санитарните јазли и машинската сала, со што реконтруираните капацитети веќе се ставени во функција.