(+389) 47 229 077 info@stentongradba.mk Пон - Саб: 08:00 - 16:00

Изградба и реконструкција на ул „Кеј 1-ви Мај“ Прилеп

Со проектот предвидено е да се направи целосна реконструкција и изградба на улицата. За таа цел, потребно е да се изврши ископ на постоечкиот земјен пат, отстранување на постоечки дотраени рабници, вградување на нов тампонски слој, поставување на нови бетонски рабници, изведба на улични сливници за безбедно одведување на водите до постоечката река, асфалтирање на улицата и изработка на пешачки патеки од бехатон плочки. Исто така, за целосно функционирање и безбедност на улицата предвидено е да се направи и армирано бетонски ѕид во должина од 170,00м долж кејот со висина од 3,00м. За сите овие позиции, извршен е ископ од околу 2.000,00м3, изработка на насип од одбран материјал и тампон 4.500,00м3, асфалт со површина од 4.500,00м2, рабници во должина од 800,00м, бетон за потпорниот ѕид околу 400,00м3, арматура 25 тона и пешачки патеки од бехатон со површина од 1.500,00м2.

Информации

  • Клиент: Општина Прилеп
  • Датум на изведба: 23.04.2021
  • Категорија: Завршени проекти
© 2021 Стентон Градба. All Rights Reserved.
web by kara5.