Функцијата на оваа градба претставува екстензија на постоечката со внесување на додадена вредност-социјална инклузија. На површина од околу 1500м2 извршено е подготвително расчистување на теренот. Поставени се нови детски играчки прилагодени за деца на возраст до 15 години. Сите реквизити се за деца се сертифицирани согласно Европските нормативи за квалитет и безбедност. Истите се поставени врз соодветни фундаменти, додека завршната подна облога на ниво на партер е изработена како амортизациона синтетичка подлога за апсорпција на удар со вкупна површина од 417,00м2.