Стентон Градба започнува со изградба на Marble Residence, нов модерен станбен комплекс кој се наоѓа во северно западниот дел на градот Прилеп во населба Точила.
Објектот располга со 98 станбени единици, 600 квадратни метри зелена површина и 98 паркинг места.
Повеќе информации за зградата: https://stenton.mk/mk/marble
Предвидени се мерки за безбедност по највисоки стандарди и тоа видеокамери, противпожарна заштита, обезбедени паркинг простори за паркирање на возила сместени на две нивоа, контролиран влез и излез од зграда со систем на дигитална шифра или картичка. Како и smart технологија за најголема безбедност и удобност на станарите.
Локацијата во населба Точила е логистички идеална за секого и овозможува брз пристап до образовните установи во Прилеп од секое ниво, како и до игралишта, маркети, ресторани, локални кафулиња и затворен базен кој е планиран за изградба.
Од наша страна во тек е и изградба на градинка до самиот објект, чија финализација е проектирана околу месец Април 2022.